Menu

АГЕНЦИЈА ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ
Телекомуникации

Телекомуникации (8)

Инспекциски надзор

Одделението за инспекциски надзор врши спроведување на Законот за електронски комуникации и подзаконските акти преку инспектори за електронски комуникации од Контролно мерните центри Скопје, Битола и Штип.

Инспекцискиот надзор се врши со цел:

  • преземање на мерки за решавање на пречки во радиокомуникациите;
  • прекинување на емисии на радиостаници кои работат без Одобрение за користење на радиофреквенции;
  • проверка на усогласеноста на параметрите на легалните радиостаници со параметрите дадени во Одобрението за користење на радиофреквенции;
  • преземање на мерки кон оператори на јавни комуникациски мрежи и/или даватели на јавни комуникациски услуги кои работат без нотификација;
  • проверка на нотифицирани оператори на јавни комуникациски мрежи и/или даватели на јавни комуникациски услуги во однос условите од нотификацијата ;
  • решавање на приговори од корисници на електронски комуникациски услуги;

Во случај на утврдена неправилност при вршење на инспекцискиот надзор, инспекторите за електронски комуникации постапуваат во согласност со овластувањата кои им се дадени во Законот за електронски комуникации.

Прочитајте повеќе:

Нотификации

План за нумерација и Правилник за доделување на броеви и серии на броеви
Вовед
План за нумерација на јавните комуникациски мрежи и услуги на Република Македонија е структура на броеви и серии на броеви и нивен распоред за обезбедување на пристап до јавните комуникациски мрежи и/или јавните комуникациски услуги. Со Планот за нумерација управува Агенцијата за електронски комуникации за да обезбеди ефикасно структуирање и употреба на броевите и сериите на броеви, да се задоволат потребите на операторите кои имаат право на доделување на броеви и да се обезбеди доделување и користење на броевите на праведен и недискриминаторски начин.

Структурата, должината и намената на броевите за пристап до јавни комуникациски мрежи и јавни комуникациски услуги во Република Македонија и одредени услуги што се обезбедуваат преку јавни електронски комуникациски мрежи се утврдени во Планот за нумерација на јавните комуникациски мрежи и услуги на Република Македонија,  кој можете да го превземете на следниот линк.icon 20091127_План за нумерација - Сл.Весник на РМ бр.143/09 (218.52 kB 2009-11-27).

Отстапатување правото на користење на доделениот скратен број на оператор на јавна телефонска мрежа и/или давател на јавно достапни телефонски услуги

icon 20100202_Листа на оператори подговтени за опслужување на скратени броеви (30 kB 2010-02-02)


Начинот и постапката за доделување на броеви и серии на броеви од Планот за нумерација на јавните комуникациски мрежи и услуги на Република Македонија, како и формата и содржината на барањето за доделување на броеви и серии на броеви и потребните документи што се приложуваат кон барањето за доделување на броеви и серии на броеви се пропишани во Правилникот за доделување на броеви и серии на броеви од Планот за нумерација, кој можете да го превземете на следниот линк.  icon Правилник за содржината и формата на барањето за доделување на броеви и серии на броеви и податоците - Сл.Весник на РМ бр.143/09(98.59 kB 2009-03-24)

Образецот на барањето за доделување на броеви и серии на броеви е даден во прилог на Правилникот за доделување на броеви и серии на броеви од Планот за нумерација, кој можете да го превземете на следниот линк. icon 20091111_Прилог - Барање за доделување на броеви/серија на броеви (111 kB 2009-11-11)

Правилник за утврдување на методот за пресметување на годишниот надоместок за користење на доделени броеви и серии на броеви од Планот за нумерација на јавните комуникациски мрежи и услуги на Република Македонија. icon Правилник за утврдување на методот за пресметување на годишниот надоместок за користење на броеви (238.54 kB 2009-12-29)

Прочитајте повеќе:

Контакт

Стапете во контакт со Секторот за телекомуникации !

  • Игор Бојаџиев
    Раководител на Сектор за телекомуникации
    Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., тел. 3 091 250, моб. 075 442 681

  • Југослав Србиновски
    Стручен соработник за телекомуникациска инфраструктура
    Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.; моб. 071 34 66 45

  • М-р Јане Јакимовски
    Раководител на одделение за електронски комуникациски мрежи и/или услуги
    Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.; тел. 3 289 201 моб. 070 35 99 16

  • Асип Таири
    Самостоен референт за нумерација и нотификација
    Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., тел. 3 289 213, моб. 071 36 88 43

тел: +389 2 3289 200

факс: +389 2 3224 611

Прочитајте повеќе:

Формулари за Телекомуникации

Нотификација се поднесува со пополнување на образец, кој е  составен дел на Правилникот за содржината и формата на нотификација, потребната документација и потврдата за регистрација icon 20091130_Образец за нотификација (140.5 kB )

Извештај за вршење на јавна електронска комуникациска услуга icon Прилог - Извештај за вршење на јавна електронска комуникациска услуга (224.5 kB)

Забелешка:Операторите на јавни електронски комуникациски мрежи и давателите на јавни електронски комуникациски услуги се должни да и достават на Агенцијата информации и финансиски податоци согласно ова Упатство заклучно за втората половина од календарската 2009 година (01.07.-31.12.2009 година)  најдоцна до 1 март 2010 година. После периодот од претходниот став на овој член, ова Упатство нема да се применува.

Прочитајте повеќе:

Преносливост на броеви

Преносливост на број е право на сите претплатници на јавни телефонски  услуги (фиксни или мобилни) да го задржат бројот независно од операторот или давателот кој ја обезбедува услугата.

Прочитајте повеќе:

Универзална услуга

Универзална услуга претставува пакет од минимален број на јавни електронски комуникациски услуги со определен квалитет, достапен со прифатлива цена за сите крајни корисници во РМ , без оглед на нивната географска локација.

Универзалната услуга опфаќа:

  • Поврзување на крајниот корисник со јавната телефонска мрежа, на негово барање со овозможување на пристап до јавните телефонски услуги на определена географска локација , овозможувајќи му дојдовни и појдовни повизи во локалниот, националниот и меѓународниот телефонски сообраќај, комуникации преку факсимил и пренос на податоци со брзина од минимум 2400 бит/с ;
  • Обезбедување достапност на податоците од единствениот телефонски именик и од службата за информации за евиденција на сите телефонски претплатници во РМ ;
  • Обезбедување на јавни телефонски говорници од кои е возможно без надомест да се бираат службите за итни повици, за да се задоволат потребите на крајните корисници од аспект на географска опфатеност со задоволителен број на јавни телефонски говорници , со можност за пристап на корисниците со посебни потреби и со соодветен квалитет на услугата и
  • Обезбедување на услови за еднаков пристап и употреба на јавните телефонски услуги од страна на крајните корисници со посебни потреби, вклучувајќи и пристап до броеви на службите за итни повици, достапност на податоците од телефонскиот именик за сите претплатници во РМ , како и на другите крајни корисници.
  • Правилник за обезбедување на услугите опфатени со универзалната услуга

Со овој правилник се пропишува начинот и условите за обезбедување на услугите опфатени со универзалната услуга, барањата за квалитет на услугите опфатени со универзалната услуга, параметрите за квалитет и нивното мерење, висината на средствата за надоместување на реалните трошоци за вршење на услугите опфатени со универзална услуга како и методот за пресметување на реални трошоци и нематеријални поволности за обезбедување на услугите опфатени со универзалната услуга.

 

Прочитајте повеќе:

Нумерација

План за нумерација и Правилник за доделување на броеви и серии на броеви

Вовед

План за нумерација на јавните комуникациски мрежи и услуги на Република Македонија е структура на броеви и серии на броеви и нивен распоред за обезбедување на пристап до јавните комуникациски мрежи и/или јавните комуникациски услуги. Со Планот за нумерација управува Агенцијата за електронски комуникации за да обезбеди ефикасно структуирање и употреба на броевите и сериите на броеви, да се задоволат потребите на операторите кои имаат право на доделување на броеви и да се обезбеди доделување и користење на броевите на праведен и недискриминаторски начин.

Структурата, должината и намената на броевите за пристап до јавни комуникациски мрежи и јавни комуникациски услуги во Република Македонија и одредени услуги што се обезбедуваат преку јавни електронски комуникациски мрежи се утврдени во Планот за нумерација на јавните комуникациски мрежи и услуги на Република Македонија.

Отстапатување правото на користење на доделениот скратен број на оператор на јавна телефонска мрежа и/или давател на јавно достапни телефонски услуги

Начинот и постапката за доделување на броеви и серии на броеви од Планот за нумерација на јавните комуникациски мрежи и услуги на Република Македонија, како и формата и содржината на барањето за доделување на броеви и серии на броеви и потребните документи што се приложуваат кон барањето за доделување на броеви и серии на броеви се пропишани во Правилникот за доделување на броеви и серии на броеви од Планот за нумерација. 

 

Прочитајте повеќе:

Мрежи и услуги

Пред започнување на изградба и/или употреба на јавни електронски комуникациски мрежи и/или обезбедување на јавни електронски комуникациски услуги, менување или прекин во обезбедувањето на јавни комуникациски мрежи и услуги се доставува нотификација до Агенцијата за електронски комуникации.
Регистрацијата во Агенцијата не претставува доволен услов за остварување на правата и обврските на операторите или давателите на услуги согласно Законот за електронските комуникации или друг закон. Потврдата за регистрација издадена од Агенцијата сама по себе не создава права или обврски согласно Законот за електронските комуникации, доколку не бидат исполнети другите услови предвидени со Законот за електронските комуникации и друг закон.
Доколку станува збор за изградба на комуникациска мрежа, правното или физичкото лице, пред да започне изградба на јавна комуникациска мрежа покрај обврската да достави нотификација во Агенцијата, треба да поднесе барање за добивање на одобрение за градење до Министерството за транспорт и врски, односно надлежниот орган на локалната самоуправа, во зависност од категоријата на градба, а во согласност со Законот за просторно и урбанистичко планирање и  Законот за градење.
 
Нотификација
Нотификацијата содржи потпис на законскиот застапник овластен во писмена форма и печат на подносителот. Доколку подносителот на нотификацијата претставува група на компании (асоцијација, спојување од неколку фирми, итн.) законскиот застапник мора да биде овластен од сите компании или пак од компанијата која ја има контролната улога во групата.
Агенцијата врши регистрација на подносителот на нотификацијата со  запишување во службената евиденција на Агенцијата во рок од 15 (петнаесет) дена од приемот на нотификацијата, по која ќе му се достави писмена потврда за извршена регистрација.
Нотификација за прекин во обезбедувањето на одредена јавна електронска комуникациска услуга се поднесува во рок не пократок од 30 (триесет) дена пред предложениот прекин на јавната електронска комуникациска услуга. Во тој случај, подносителот на нотификацијата доставува изјава дека ги има известено корисниците на јавната комуникациска услуга за планираниот датум на прекин во обезбедувањето на јавната електронска комуникациска услуга и дека ги има превземено сите мерки согласно Законот за електронските комуникации и подзаконските прописи донесени врз негова основа.
По нотифицирањето, согласно член 23 од Законот за електронските комуникации, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи и давателите на јавни електронски комуникациски услуги се должни да и ги доставуваат на Агенцијата за електронски комуникации информации и финансиски податоци  заради извршување на нејзините надлежности, во дефинирана форма.
Воедно, операторите на јавни комуникациски мрежи  и/или давателите на јавни комуникациски услуги се должни да ги објават видот и содржината на податоците во врска со општите услови за пристап и користење, цените и тарифите и параметрите за квалитет на јавните комуникациски услуги, а во согласност со листата на стандарди и/или спецификации за електронски комуникациски мрежи, услуги и придружни средства и услуги, објавена во службено гласило на Европската унија (О.Ј. Ц 331 од 31.12.2002).
 
Параметри за квалитет на јавни комуникациски услуги
“Согласно Правилникот за видот и содржината на податоците кои операторите на јавни комуникациски мрежи и/или давателите на јавни комуникациски услуги се должни да ги објават во врска со општите услови за пристап и користење, цените, тарифите и параметрите за квалитет на јавните комуникациски услуги, операторите на јавни телефонски мрежи и давателите на јавни телефонски  услуги доставуваат податоци за Параметри за квалитет на јавни комуникациски услуги за изминатата година до Агенцијата, кои се прикажани во сумарен облик”.
Прочитајте повеќе:
Subscribe to this RSS feed

Документи - Телекомуникации

Мар 02, 2015

Правилник за преносливост на броеви

in Легислатива
Јан 14, 2015

Правилник за обезбедување на услугите опфатени со универзална услуга

in Легислатива
Правилник за обезбедување на услугите опфатени со универзална услуга и Коментари и…
Дек 10, 2014

План за нумерација

in Легислатива
Јун 30, 2011

Правилник за технички услови

in Легислатива

Агенција за електронски комуникации

Кеј Димитар Влахов број 21
1000 Скопје

E-mail: contact@aec.mk
Тел.: + 389 2 3289 200 + 389 2 3289 203
Факс: + 389 2 3224 611

Најдете не на