Notice: Undefined variable: GK_TEMPLATE_MODULE_STYLES in C:\inetpub\wwwroot\aek2017\templates\aek_j3\component.php on line 22 Брзина на интернет
Logo
Испечатете ја страната

Брзина на интернет

Агенцијата за Електронски Комуникации обезбедува две алатки со кои корисниците на услугите за  интернет пристап можат самостојно да ја измерат брзината на услугата. Добиените резултати се информативни, но, ако измерените вредности при повеќекратно мерење со постапка спроведена според овие упатства значително отстапуваат од брзината која ја понудил операторот и за која е склучен договор, резултатите можат да бидат употребени и како дополнување на приговорот на корисникот кон операторот за неисполнување на договорните услови и необезбедување на услуга со соодветен, очекуван квалитет.

Критериумите за квалитет дефинирани во Правилникот за контрола и мерење параметри за квалитет на услуга за интернет пристап преку јавни фиксни електронски комуникациски мрежи се:

1.       Брзината на пристап и за симнување и за праќање, треба да е поголема од 50% од договорената брзина во најмалку 95% од времето.
2.       Брзината на пристап и за симнување и за праќање, треба да е поголема од 75% од договорената брзина во најмалку 50% од времето.
3.       Брзината на пристап и за симнување и за праќање, треба да е поголема од 90% од договорената брзина во најмалку 20% од времето.
4.       Просечното време на доцнење не треба да е поголемо од 100мс
5.       Просечната варијација на доцнење не треба да е поголема од 20мс
6.       Загубата на пакети во 90% од времето треба да е помала од 1% 
 
За да биде услугата квалитетна, потребно е да бидат исполнети СИТЕ критериуми.
Доколку сметате дека услугата која ја добивате не ги исполнува наведените критериуми, можета да поднесете приговор до операторот и притоа да ги приложите резултатите кои сте ги добиле од мерењата со алатките од АЕК. Двете алатки за мерење на параметрите на интернет се две апликации, кои се слични меѓу себе, и тоа:
  1. веб-сервис на адресата speedtest.aek.mk, за информативно мерење (Упатство) и
  2. самостојна десктоп апликација, за попрецизно мерење (Упатство).
FaLang translation system by Faboba
Template Design © Joomla Templates | GavickPro. All rights reserved.