Menu

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
АГЕНЦИЈА ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ

Јавна расправа за MSS CGC Инмарсат

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) во согласност со нејзините надлежности, а согласно Законот за електронски комуникации („Службен весник на РМ” бр. 39/14, 188/14, 44/15, 193/15, 11/18 и 21/18), објавува јавна расправа за за регулаторна рамка за употреба на 1980 - 2010 MHz / 2170 - 2200 MHz од страна на избраните оператори (MSS – CGC). Документот произлегува од потребата за дополнување на регулаторната рамка односно усогласување со Одлуката на Европската Комисија (449/2009/EC) со која се доделува опсегот 2 GHz на две компании, оператори, за вршење на мобилни сателитски услуги, Mobile Satellite Services MSS.
Во опсегот 2 GHz се реализира мрежа од т.н. комплементарни земски компоненти, Complementary Ground Component (CGC) со цел обезбедуваање на мобилни сателитски услуги за авиони.
Подготовката на предложената регулаторна рамка е поради доставено писмо за пројавување интерес од страна на Inmarsat Ventures Limited (во понатамошниот текст "Инмарсат"), а се однесува на измена и дополнување на:
- Планот за доделување и користење на радиофреквенции во РМ,
- Правилник за начинот на пресметка на годишниот надоместок за користење на радиофреквенции
- Правилникот за формата и содржината и потребната документација што се доставува со барањето за издавање на одобрение за користење на радиофреквенции.

Лица за контакт: Јане Јакимовски Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
                         Лидија Пауновска Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Дополнителни информации

    Почеток на јавна расправа: Понеделник, 12 Март 2018 Крај на јавна расправа: Четврток, 12 Април 2018 Адреса за достава на коментари и мислења: Агенција за електронски комуникации Кеј Димитар Влахов бр. 21 1000 Скопје или во електронски облик на следниве адреси за електронска пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Агенција за електронски комуникации

Кеј Димитар Влахов број 21, 1000 Скопје,
Република Македонија

E-mail: contact@aec.mk
Тел.: + 389 2 3289 200 + 389 2 3289 203
Факс: + 389 2 3224 611

Најдете не на