Menu

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
АГЕНЦИЈА ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ

Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за видот и содржината на податоците и информациите за општите услови во однос на пристапот и користењето на јавните комуникациски услуги кои ги објавуваат операторите

Агенцијата за електронски комуникации донесе ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ВИДОТ И СОДРЖИНАТА НА ПОДАТОЦИТЕ И ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА ОПШТИТЕ УСЛОВИ ВО ОДНОС НА ПРИСТАПОТ И КОРИСТЕЊЕТО НА ЈАВНИТЕ КОМУНИКАЦИСКИ УСЛУГИ КОИ ГИ ОБЈАВУВААТ ОПЕРАТОРИТЕ И ЗА ВИДОТ И СОДРЖИНАТА НА ПОДАТОЦИТЕ ШТО ЌЕ ГИ ОБЈАВУВА АГЕНЦИЈАТА ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ, кој што е објавен во „Службен весник на РМ“, број 179/2017 од 07.12.2017 година.

Заедно со Правилникот, Агенцијата за електронски комуникации ги објавува одговорите на коментарите што пристигнаа од заинтересираните страни во текот на јавната расправа:

-          Одговори на коментари од „Неотел“ по јавната расправа за правилникот
-          Одговори на коментари од „Македонски телеком“ по јавната расправа за правилникот
-          Одговори на коментари од „Оне.Вип“ по јавната расправа за правилникот

Воедно, Агенцијата за електронски комуникации укажува дека согласно Член 17 од истиот, операторите треба во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој правилник да ги усогласат своите стандардни претплатнички договори со овој правилник и да ги достават на одобрување до Агенцијата.

Дополнителни информации

    Датум на донесување на актот: Четврток, 07 Декември 2017 Службен весник: 179/2017 Важечки пропис: Да

Агенција за електронски комуникации

Кеј Димитар Влахов број 21, 1000 Скопје,
Република Македонија

E-mail: contact@aec.mk
Тел.: + 389 2 3289 200 + 389 2 3289 203
Факс: + 389 2 3224 611

Најдете не на