Menu

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
АГЕНЦИЈА ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ

Покана за јавна расправа- Нацрт Извештај за моделот за определување на цени кои се користат за истиснување на конкуренцијата од пазарот за електронски комуникации во РМ

Почитувани,
Со оваа покана ги повикуваме сите заинтересирани страни да во рок од 30 дена од денот на објавување на Нацрт Извештајот за моделот за определување на цени кои се користат за истиснување на конкуренцијата од пазарот за  електронски комуникации во РМ ги достават своите гледишта и ставови по предложениот предмет на јавна расправа.
Имено, на состанокот одржан на ден 26.10.2011 година Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ги информираше заинтересираните страни дека отпочнува со процесот на развој и имплементација на методологија за регулирање на малопродажни цени за оператор со значителна пазарна моќ на релевантни пазари бр. 1 и 2 дефинирани во Одлуката за утврдување на релевантни пазари подложни на претходна регулација. Методологијата се развиваше во соработка со Аналусис Мејсон- Италија врз основа на договор за консултантски услуги, склучен врз основа на постапка за јавна набавка. "Price squeeze" моделот за тестирање на поединечни и пакетирани услуги е во согласност со Упатството за определување на цени кои се користат за истиснување на конкуренцијата од пазарот за  електронските комуникациски услуги во РМ, усвоено од Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации.
Во процесот на развојот на моделот се укажа потреба од податоци. Истите од страна на Агенцијата беа побарани од сите оператори кои делуваат на релевантните пазари 1 и 2 и следствено беа доставени во предвидените рокови за доставување на податоците, наведени во барањата.

Се повикуваат сите заинтересирани субјекти да ги достават своите мислења и забелешки во јавната расправа што ќе биде отворена до 21.05.2012 на следната адреса:

Дополнителни информации

    Почеток на јавна расправа: Среда, 18 Април 2012 Крај на јавна расправа: Понеделник, 21 Мај 2012 Адреса за достава на коментари и мислења: Агенција за електронски комуникации
    ул. Димитрие Чуповски бр. 13
    1000 Скопје

    или на следниве емаил адреси: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. , Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Агенција за електронски комуникации

Кеј Димитар Влахов број 21, 1000 Скопје,
Република Македонија

E-mail: contact@aec.mk
Тел.: + 389 2 3289 200 + 389 2 3289 203
Факс: + 389 2 3224 611

Најдете не на