Menu

АГЕНЦИЈА ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ

Регулација на цени (18)

Подкатегории

Регулација на цени за WACC - фиксна мрежа

Регулација на цени за WACC - фиксна мрежа (4)

При определување на цените на услугите Агенцијата му дозволува на операторот разумна стапка на поврат на инвестираните средства, земајќи ги во предвид и ризиците што се составен дел од инвестициите. Најсоодветен метод за утврдување на разумната стапка на поврат на инвестираните средства е пресметката на цената на капиталот. Цената на капиталот претставува дополнителен трошковен елемент во пресметката на трошоците за обезбедувањето на услугите.
Погледнете ги предметите...
Регулација на цени за WACC - мобилна мрежа

Регулација на цени за WACC - мобилна мрежа (1)

При определување на цените на услугите Агенцијата му дозволува на операторот разумна стапка на поврат на инвестираните средства, земајќи ги во предвид и ризиците што се составен дел од инвестициите. Најсоодветен метод за утврдување на разумната стапка на поврат на инвестираните средства е пресметката на цената на капиталот. Цената на капиталот претставува дополнителен трошковен елемент во пресметката на трошоците за обезбедувањето на услугите.
Погледнете ги предметите...

Соопштение за Анализа на пазар

  • Објавено во ERT
Почитувани, 
 
Со ова соопштение Ве известуваме дека Агенцијата за електронски комуникации отпочнува со процесот за развој на модел за тестови за економска репликабилност на големопродажни услуги, согласно годишната програма за работа а во соработка со консултантската куќа  Аналајзис Мејсон.

Агенцијата за електронски комуникации спроведе постапка за доделување на договор за јавна набавка на услуги со отворена постапка во согласност со член 21 од Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ бр. 139/07, 130/08, 97/10, 53/11 185/11, 15/13 ,148/13, 28/14, 43/14, 130/14, 180/14, 78/15, 192/15, 27/16, 165/2017 ), за што објави оглас број 12/2017.

Финален извештај за модел на трошоци за слободно емитување (FTA) (free to air) услуги преку дигитална терестијална DTT платформа и пресметка на WACC

  • Објавено во DVB-T
Почитувани,
Агенцијата за електронски комуникации го објавува Финалниот извештај за трошковен модел за определување на цени базирани на трошоци за услуги за Пренос на програмски содржини преку дигитална терестријална платформа со слободен пристап (free-to-air) на крајните корисници и пресметка на WACC
, вклучително и ставот на АЕК по доставените коментари и мислења од заинтересираните страни.

Покана за јавна расправа

  • Објавено во DVB-T
Почитувани,
Ве информираме дека Агенцијата за електронски комуникации во согласност со член 13 од Законот за електронски комуникации објавува на јавна расправа:
  1. „Нацрт извештај за Методологија за модел на трошоци за слободно емитување (FTA) (free to air) услуги преку дигитална терестијална ДТТ платформа и пресметка на WACC“ и
  2. „Почетен Извештај за Методологија за модел на трошоци за слободно емитување на услуги преку дигитална терестијална платформа и Методологија за пресметка на WACC“
во рок од 30 дена од денот на објавувањето на Нацрт Извештајот.
Се покануваат сите заинтересирани страни ги изразат своите мислења, гледишта и ставови по предложениот предмет на јавна расправа.
 
Агенција за електронски комуникации
Кеј Димитар Влахов број 21
1000 Скопје

или на следниве емаил адреси:
      Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Почетен извештај за трошковен модел за определување на цени базирани на трошоци за услуги за Пренос на програмски содржини преку дигитална терестријална платформа со слободен пристап (free-to-air) на крајните корисници и пресметка на WACC

  • Објавено во DVB-T
Почитувани,
Агенцијата за електронски комуникации го објавува Почетниот извештај за трошковен модел за определување на цени базирани на трошоци за услуги за Пренос на програмски содржини преку дигитална терестријална платформа со слободен пристап (free-to-air) на крајните корисници и пресметка на WACC.
Превземете ги документите:

Соопштение за почнување на процес на развој и имплементација на трошковен модел за определување на цени базирани на трошоци за Пренос на програмски содржини преку дигитална терестријална платформа со слободен пристап (free-to-air) и пресметка на WACC

  • Објавено во DVB-T
Почитувани,
Агенцијата за електронски комуникации Ве информира дека отпочнува со процесот на развој и имплементација на трошковен модел за определување на цени базирани на трошоци за услуги за Пренос на програмски содржини преку дигитална терестријална платформа со слободен пристап (free-to-air) на крајните корисници и пресметка на WACC. Проектот ќе биде изработен во соработка со Analysys Mason Ltd., со седиште на ул:„Via Pietro Verri” n.6, Milano, Italy врз основа на склучен договор за јавна набавка на консултантски услуги.
Subscribe to this RSS feed

Агенција за електронски комуникации

Кеј Димитар Влахов број 21
1000 Скопје

E-mail: contact@aec.mk
Тел.: + 389 2 3289 200 + 389 2 3289 203
Факс: + 389 2 3224 611

Најдете не на