Menu

АГЕНЦИЈА ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ

Упатство за користење на веб-апликацијата за самостојно мерење на брзината на пристап на интернет

За добивање веродостојни резултати од мерењето, најдобро е да се отстранат сите пречки кои би можеле да влијаат на брзината на врската. Потребно е да се сопрат сите други активности, посебно ако корисникот има активни програми кои вршат симнување на поголеми количини на податоци (на пример како торенти). Најдобро е мерењето да се врши со компјутер или лаптоп кои на рутерот се поврзани директно со кабел преку етернет врска, а ако тоа не е можно, важно е уредот со кој се мери да е во непосредна близина на безжичниот рутер и меѓу нив да нема препреки.
Доколку користите услуга за пристап на интернет од оператор кој истата врска ја користи и за пренос на телевизија, пожелно е додека го вршите мерењето, сет-топ-бокс (СТБ) уредите да бидат исклучени бидејќи преносот на тв сигнал ја намалува брзината на интернетот. Без оглед дали телевизорот е вклучен или не, ако СТБ е вклучен тој искористува дел од интернет врската.
Веб-апликацијата за самостојно мерење на брзината на пристап на итернет се наоѓа на веб адресата speedtest.aek.mk .
По внесувањето на адресата, доколку има активна интернет врска, се добива почетната страна:

WEB 1

За да започне постапката, треба да се кликне на полето „Започни тестирање“. Се појавува следната страна:

WEB 2

Во долниот дел на екранот, треба да се појави актуелната IP адреса, името на операторот и тестниот сервер. Се покажуваат и параметрите кои ќе бидат мерени: Download, Upload, Доцнење, варијација на доцнење и процентот на загуба на пакети. Со кликнување на полето „Почни тестирање“, апликацијата започнува со мерењето и кога ќе заврши, се добиваат резултатите во следната форма:

WEB 3

Се гледа дека освен резултатите од мерењето, даден е линк. Доколку корисникот сака да го сочува мерењето и да го користи понатаму, на пример како дополнување на евентуален приговор до операторот, тогаш може да го сочува со селектирање и копирање од оваа страна, или со кликнување на линкот со што ќе се добие следната страна која покажува што се зачувува и потоа од овде да се ископира адресата:

WEB 4

Зачувувањето се прави така што се копира адресата од адресната лента и се пренесува како линк во некој документ (на пример во Word).
Се чуваат резултатите од мерењето, датумот и времето на мерење, провајдерот кој ја дава услугата, како и линк преку кој може да се добие графички приказ на приближната географска локација на поврзувањето.
Во случај на поднесување на приговор до операторот, заради веродостојност на мерењето, потребно е да са направат повеќе мерења (најмалку 5), во тек на неколу денови (најмалку 3 дена) во различни периоди од денот, со временско растојание меѓу две мерења од најмалку 2 часа Резултатите од тие мерења (сочуваните линкови) можат да се достават до операторот заедно со приговорот.

Агенција за електронски комуникации

Кеј Димитар Влахов број 21
1000 Скопје

E-mail: contact@aec.mk
Тел.: + 389 2 3289 200 + 389 2 3289 203
Факс: + 389 2 3224 611

Најдете не на