Генерално одобрение за користење на радиофреквенции во радиодифузна служба за DVB-T за Космофон
01 Ноември 2009
Агенцијата за електронски комуникации, по спроведената постапка на јавен тендер, на 04.06.2009 година издаде одобрение за користење на радиофреквенции во радиодифузна служба за DVB-T. Со издавањето на ова одобрение започна периодот на „simulcast“ односно истовремена работа на аналогната и дигитална терестријална телевизија.
Во октомври 2009 извршен е трансфер на правото за користење на радиофреквенции од КОСМОФОН Услуги на мобилна телефонија АД Скопје на нова фирма –ќерка на Телеком Словенија ДИГИ ПЛУС МУЛТИМЕДИА Друштво за телекомуникациски услуги ДООЕЛ Скопје.
20090604_одобрение за користење на радиофреквенции во радиодифузна служба за DVB-T - Космофон (297.93 kB 2009-06-04)