Агенција
Согласно Законот за електронски комуникации (“Службен весник на Република Македонија” бр.13/2005) Управата за телекомуникации се трансформира во Агенцијата за електронски комуникации како независно регулативно тело. Согласно Законот, органи на Агенцијата се Комисија и Директор. Комисијата во состав Претседател и четири члена е именувана на седница на Собранието на РМ на 20.04.2005. Комисијата на 05.09.2007 година за в.д. Директор на Агенцијата ја именува госпоѓа Лилјана Денковска, дипл. правник. Агенцијата за електронски комуникации почна со работа на 01.07.2005 година. Со отпочнување со работа на Агенцијата за електронски комуникации, Управата за телекомуникации престана да постои. Седиштето на Агенцијата за електронски комуникации е на ул. “Димитрие Чуповски” бр. 13 Скопје, со центри за контрола и мерење лоцирани во Скопје, Битола и Штип. Агенцијата се финансира од средства остварени од приходите од надоместоците предвидени со Законот за електронски комуникации, донации, заеми и друга финансиска и техничка помош. Број на жиро сметка на Агенцијата: 210 0600528401 42 Банка на примач: Тутунска банка АД Скопје Даночен број: 4030005556148 Контакт инфо: Агенција за електронски комуникации ул Димитрие Чуповски бр.13 1000 Скопје Република Македонија тел: 02/32 89 200 факс: 02/32 24 611 \n
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
АГЕНЦИЈА ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ
Финансиски податоци


