Универзална услуга

Универзална услуга претставува пакет од минимален број на јавни електронски комуникациски услуги со определен квалитет, достапен со прифатлива цена за сите крајни корисници во РМ , без оглед на нивната географска локација.
Универзалната услуга опфаќа:

  • Поврзување на крајниот корисник со јавната телефонска мрежа, на негово барање со овозможување на пристап до јавните телефонски услуги на определена географска локација , овозможувајќи му дојдовни и појдовни повизи во локалниот, националниот и меѓународниот телефонски сообраќај, комуникации преку факсимил и пренос на податоци со брзина од минимум 2400 бит/с ;
  • Обезбедување достапност на податоците од единствениот телефонски именик и од службата за информации за евиденција на сите телефонски претплатници во РМ ;
  • Обезбедување на јавни телефонски говорници од кои е возможно без надомест да се бираат службите за итни повици, за да се задоволат потребите на крајните корисници од аспект на географска опфатеност со задоволителен број на јавни телефонски говорници , со можност за пристап на корисниците со посебни потреби и со соодветен квалитет на услугата и
  • Обезбедување на услови за еднаков пристап и употреба на јавните телефонски услуги од страна на крајните корисници со посебни потреби, вклучувајќи и пристап до броеви на службите за итни повици, достапност на податоците од телефонскиот именик за сите претплатници во РМ , како и на другите крајни корисници.

Во склоп на Универзалната услуга усвоени се следните Правилници:

  • Правилник за техничките барања за квалитетот на универзалната услуга, техничките параметри и нивно мерење, како и минималните услови за квалитет на универзалната услуга, (донесен на ден 30.08.2006 година, објавен во Сл. Весник на РМ број 106/06.). Со овој правилник се има за цел давателот на универзалната услуга да ја обезбедува  универзалната услуга  со квалитет пропишан во овој правилник.  icon20060830_ Правилник за параметри за квалитет на универзална услуга (143.2 kB 2006-08-30)
  • Правилник за формата и содржинатана единствениот телефонски именик, (донесен на ден 30.08.2006, објавен во Сл. Весник на РМ број 106/06.).  Давателот на универзална услуга за обезбедување на единствен телефонски именик обезбедува единствен телефонски именик и го издава истиот во печатена или електронска форма најмалку еднаш годишно. Овој правилник има за цел да обезбеди достапност на податоците од единствениот телефонски именик на сите претплатници во РМ, како дел од обезбедување на универзалната услуга во РМ. icon20060830_Правилник за формата и содржината на единствениот телефонски именик (125.16 kB 2006-08-30 03:04:56)
  • Правилник за пропишување на тендерска постапка со претквалификација за избор на давател на универзална услуга, (усвоен на ден 21.12.2006 година, објавен во Сл. весник на РМ брoj 135/06.).  Со овој правилник се има за цел да се обезбеди еден или повеќе даватели на универзална услуга преку спроведување на постапка за објавување на јавен тендер со претквалификација.  icon20061221 Правилник - јавен тендер за универзална услуга (130.59 kB 2006-12-21)
  • Правилник за методот за пресметување на реални трошоци и нематеријални поволности за обезбедување на универзална услуга, (усвоен на ден 21.12.2006 година, објавен во Сл. весник на РМ број 135/06.). Овој правилник има за цел да обезбеди надоместокот за обезбедување на универзалната услуга што давателот на универзална услуга има право да го побара од АЕК , за покривање на трошоците што тој ги има од обврската за обезбедување на универзалната услуга, да биде пресметан на реална основа. icon20061221 Правилник за методот за пресметување на реални трошоци за обезбедување на универзална услуга (105.09 kB 2006-12-21)
  • Правилник за методологија за формирање на цени за универзална услуга, (усвоен на ден 21.12.2006 година, објавен во Сл. весник на РМ број 135/06.). Со овој правилник се има за цел да се обезбеди достапност на јавните електронски комуникациски услуги што ги обезбедуваат давателите на универзална услуга по прифатлива цена за сите крајни корисници во РМ, без оглед на нивната географска локација. icon20061221 Правилник за методологија за формирање на цени за универзална услуга (79.6 kB 2006-12-21)
  • Правилник за утврдување на висината на средствата за надоместување на реалните трошоци за вршење на универзална услуга, (усвоен на ден 21.12.2006 година, објавено во Сл. весник на РМ број 135/06.).  Со овој правилник се има за цел да се утврдат износите на средствата за надоместување на реалните трошоци, кои давателот на универзална услуга ги има при вршењето на универзалната услуга , а кои се обезбедуваат од операторите кои поседуваат јавни комуникациски мрежи и давателите на јавни комуникациски услуги на територијата на РМ.icon20061221 Правилник за методот за пресметување на реални трошоци за обезбедување на универзална услуга (105.09 kB 2006-12-21)
Сите права се задржани © 2010 Агенција за електронски комуникации, Република Македонија
All rights reserved © 2010 Agency for electronic communications, Republic of Macedonia