Јавна расправа по Нацрт-документ за анализа на пазари 8, 9 и 10 - продолжен рок до 06.09.2010

Печати
PDF

Агенцијата за електронски комуникации отвара јавна расправа по “Нацрт-Документ за анализа на пазари 8, 9 и 10":

Пазар 8 – Услуга за започнување на повик во јавна телефонска мрежа на фиксна локација
Пазар 9 – Услуга за завршување на повик во јавна телефонска мрежа на фиксна локација
Пазар 10 – Услуга за транзитирање во јавна фиксна телефонска мрежа

icon 20100716_Нацрт-документ за Анализа на пазари 8, 9 и 10 (1.53 MB 2010-07-16)

Се повикуваат сите заинтересирани субјекти да ги достават своите мислења и забелешки во јавната расправа што ќе биде отворена 30 дена, односно најдоцна до 16.08.2010 на следната адреса:
Агенција за електронски комуникации
ул. Димитрие Чуповски бр. 13
1000 Скопје
или на следниве електронски адреси: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите и Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Дополнување - 12.08.2010:

Почитувани,
На барање на заинтересираните страни Агенцијата за електронски комуникации  го продолжува рокот на  јавна расправа (доставување на мислења и забелешки ) по Нацрт-Документот  за анализа на пазарите 8,9 и 10. Истите треба да бидат доставени  најдоцна до 6 септември 2010.
Со оглед дека периодот за  доставување на мислења и забелешки е од 16.07. до 16.08.2010  е воедно и период во кој во најголем дел од страна на вработените ги користат летните годишни одмори, Агенцијата за електронски комуникации со  ова пролонгирање на рокот излегува во пресрет на барањето на операторите.

Сите права се задржани © 2010 Агенција за електронски комуникации, Република Македонија
All rights reserved © 2010 Agency for electronic communications, Republic of Macedonia