Прв јавен состанок на АЕК за 2010 година

Печати
PDF

За настанот

Агенцијата за електронски комуникации на ден 20 мај 2010 г, ја одржа Првата јавна расправа за 2010 год, во Хотелот "Континентал". Како дел од заложбата на АЕК за транспарентно работење и континуирана интерактивност со учесниците и корисниците на услуги на пазарот за електронските комуникации беше организирана оваа Прва јавна расправа за 2010 г.
На настанот беше за прв пат промовиран "Контакт центарот на АЕК" кој ќе биде опслужуван преку бесплатниот телефонски
број "190", а со единствена цел сервис на граѓаните и сите заинтересирани страни на пазарот за електронски комуникации. Исто така од Секторот за анализа на пазарите детално беа образложени последните регулаторни мерки на операторите на пазарите за мобилни телефонски услуги во насока на обезбедување на конкуренција на пазарот за мобилни комуникациски услуги. Секторот за телекомуникации ја објави намерата за развој и имплементација на проектот "катастар на мрежи", во кој би биле содржани податоците за сите подземни и надземни мрежни инфраструктури на територијата на РМ. Во продолжение на јавната расправа беа истакнати последните регулативни правни мерки после што беше проследена дискусија од присутните по разни прашања.

Click image to open!

Покана

Агенцијата за електронски комуникации Ве поканува да присуствувате на  I јавeн состаноk  за 2010 година коj ќе се одржи  на 20 мај 2010  во  Хотел Континентал, Конгресна сала - Скопје со почеток во  10:00 часот.
Ја користиме оваа можност да Ве известиме дека Агенцијата за електронски комуникации, по принципот на своето транспарентно делување, овие состаноци ги организира со цел да им овозможи на сите заинтересирани страни да се информираат и запознаат со нејзиното работење, стратегиите, плановите и насоките на развој на нејзиното делување.  Би ни било од особено значење доколку и Вие како значаен субјект на пазарот за електронски комуникации со свои претставници присуствувате на овие јавни состаноци и дадете придонес во размената на идеи, сознанија, барања и гледишта за унапредување на работата на Агенцијата и нашата соработка.   
Во прилог Ви ја доставуваме Нацрт-Агендата  за овој состанок. Доколку и Вие би сакале да се вклучите  со своја презентација, би Ви биле благодарни да не известите најдоцна до 18 мај 2010 година.
За успешно одвивање на јавниот состанок и остварување на вистинската  цел за која е организиран,  Ве молиме да ја погледнетe Нацрт-агендата на содржините на еднодневниот јавен состанок која Ви се доставува во прилог и е достапна на веб-страницата на Агенцијата www.aec.mk . Би Ви биле благодарни доколку во меѓувреме ги доставите своите забелешки, предлози, сугестии и идеи за кои би сакале да бидете информирани или би сакале да се дискутира на овие јавни состаноци  на e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Сите права се задржани © 2010 Агенција за електронски комуникации, Република Македонија
All rights reserved © 2010 Agency for electronic communications, Republic of Macedonia