04 Февруари 2010
Агенцијата за електронски комуникации ги поканува претставниците на сите заинтересирани страни да ги презентираат своите гледишта и ставови по нацрт документите „Пресметка на пондериран просечен трошок на капиталот за фиксни оператори во Република Македонија“ и „Пресметка на пондериран просечен трошок на капиталот за мобилни оператори во Република Македонија“ (објавени на веб страната на АЕК ) на јавна расправа која ќе се одржи на ден 11.02.2010 година (четврток) со почеток во 9 часот во просториите на Контролно Мерен Центар – Зајчев Рид –Скопје.




