Одговори на Агенцијата за електронски комуникации по однос на пристигнатите мислења и забелешки во јавната расправа по предлог-Упатство за обезбедување на информации и финансиски податоци за анализа на пазар
27 Јануари 2010
Агенцијата го поздравува интересот на субјектите што го изразија со своите мислења и забелешки по предлог-Упатството за обезбедување на информации и финансиски податоци за анализа на пазар и прилог квартални извештаи како негов составен дел објавен на веб страната на Агенцијата на ден 29.06.2009 година.
Комисијата на ден 29.12.2009 година го усвои Упатството за обезбедување на информации и финансиски податоци за анализа на пазар. Операторите и давателите на услуги се должни да и достават на Агенцијата информации и финансиски податоци согласно истото почнувајќи од првиот квартал од календарската 2010 година (1 јануари - 31 март) најдоцна до 15 мај 2010 година.
20091229_Квартални извештаи и Годишен извештај (343.5 kB 2009-12-29)




