29 Декември 2009
На барање на операторите Агенцијата за електронски комуникации го продолжува рокот на доставување на мислења и забелешки - најдоцна до 17 февруари 2010 - по Нацрт-Документите за анализа на пазарите 1-2 и 3-6.
Во периодот од 17 декември до 17 јануари поради претстојните новогодишни и божиќни празници се намалува бројот на работните денови во кои се спроведува јавната расправа по Нацрт-Документите за анализа на пазарите 1-2 и 3-6. Агенцијата за електронски комуникации смета дека со продолжувањето на рокот се надоместуваат деновите кои се неработни поради новогодишните и божиќните празници.




