15 Ноември 2009
Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) во рамките на својот делокруг на работа промовира ефикасна конкуренција во областа на електронските комуникациски мрежи и услуги, заштита на нарушување или ограничување на конкуренцијата во областа на електронските комуникации притоа овозможувајќи во слични околности да нема дискриминација во третманот на операторите на електронски комуникациски мрежи и давателите на електронски комуникациски услуги. АЕК исто така го следи развојот на електронските комуникации и зголемување на поволностите на корисниците.
Основните чекори во вршење на анализата на релевантните пазари се:
- Дефинирање на релевантните пазари на производи и услуги на пазарот на електронски комуникации
- Анализа на релевантните пазари односно утврдување дали пазарот е ефикасно конкурентен или постои оператор кој поседува значителна пазарна моќ
- Определување на оператор со значителна пазарна моќ
- Определување на обврски на оператор со значителна пазарна моќ или одржување, модифицирање или отповикување на претходно определени обврски на оператор со значителна пазарна моќ
Заради усогласен, транспарентен и недискриминаторен пристап во спроведување на анализата (принципи, постапки, процедури, информации...) на сите релевантни пазари предмет на анализа АЕК изготви Методологија за анализа на релевантните пазари-
Методологија за анализа на релевантни пазари (739.14 kB 2009-04-03)
Методологијата за анализа на релевантните пазари е изготвена во согласност со Законот за електронски комуникации и подзаконските акти донесени врз негова основа, Законот за заштита на конкуренцијата притоа земајки ги во предвид основните напатствија од Европската комисија за вршење на анализа на релевантни пазари и утвдување на значителна пазарна моќ согласно ЕК регулаторна рамка за електронски комуникациски мрежи и услуги.. АЕК при вршењето на анализата на релевантите пазари соработува со органот надлежен за заштита на конкуренцијата односно Комисијата за заштита на конкуренцијата.




